Западните санкции не мо можат ништо: Руски „Роснефт“ лани со раст на профитот од 47%

 

Нето добивката на најголемата руска нафтена компанија „Роснефт“ во 2023 година се зголеми за 47 отсто во споредба со претходната година, достигнувајќи 1,3 трилиони рубљи (околу 13,15 милијарди евра).

Во соопштението на „Роснефт“ се наведува дека приходите на компанијата минатата година се зголемиле за 1,3 отсто во споредба со 2022 година и достигнале 9,2 трилиони рубљи (околу 93 милијарди евра).

„Роснефт“ тврди дека нето добивката на компанијата се зголемила за 47 отсто на 1,3 трилиони рубљи.

Руската нафтена компанија минатата година произвела 270 милиони тони јаглеводород и 92,7 милијарди кубни метри природен гас.

„Роснефт“ учествува со околу 35 отсто од вкупното производство на нафта во Русија.

20.02.2024 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега