Захарова: Забраната на Бугарија за прелет на рускиот авион кон Скопје е опасна глупост

Портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова изјави дека е опасна глупост одлуката на бугарските власти поради неа да го затворат воздушниот простор за авионот на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

„Злобната глупост на русофобите придонесе за првпат во нашата историја официјални власти да забранат не авион на небото, туку човек во авион. Така било напишано во официјалната белешка на бугарското МНР – авионот може да прелета над Бугарија, но Марија Захарова не може да патува во авионот“, вели Захарова.

Таа иронично додава дека во бугарската белешка немало ништо за тоа дали може да лета над Бугарија без авион или низ вселената.

Како што синоќа објави „Макфакс“, повикувајќи на се на руската новинска агенција „ТАСС“ Лавров на состанокот на ОБСЕ во Скопје, на крајот стигна преку Грција, а не преку Бугарија како што се мислеше до последен момент. Во писмото од бугарското Министерство за надворешни работи, во кое увид имала агенцијата „ТАСС“, се наведува: „Дозволата не важи за портпаролката на руското Министерство за надворешни работи на Марија Захарова, која се појавува на списокот со санкции, во согласност со важечките закони на ЕУ“.

30.11.2023 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега