Захарова: Киев го уценува Вашингтон

 

Украинските власти преминаа од молење кон директно уценување на Американците, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, коментирајќи ја забелешката на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека „САД ќе мора да ги испратат своите синови и ќерки во борбената зона“.

„Што сугерираат овие зборови на Зеленски? Тие сугерираат дека режимот во Киев преминал од молење во директна уцена, а сега се работи за човечки животи, а не за пари или оружје“, рече таа, пренесе ТАСС.

Захарова истакна дека украинскиот претседател не прецизирал каде се наоѓа „борбената зона“.

09.03.2023 - 17:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега