Захарова: Југословенско сценарио е планот на Британија да испрати гранати со осиромашен ураниум во Киев

 

 

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, денеска ги нарече плановите на Велика Британија за пренос на гранати со осиромашен ураниум во Украина како „југословенско сценарио“.

„Југословенско сценарио. Овие гранати не само што убиваат, туку и ја заразуваат животната средина и предизвикуваат онколошки заболувања кај луѓето кои живеат во овие области“, напиша Захарова на „Телеграм“.

Таа оцени дека „наивно е да се верува дека жртви ќе станат само оние против кои ќе се користи“.

„Прво, војниците на НАТО, особено Италијанците, загинаа во Југославија. Потоа долго време се обидуваа да добијат отштета од НАТО за изгубеното здравје, но нивните барања беа одбиени. Кога ќе се разбудат во Украина? Не говорам за зависниците во Киев, туку за ониекои се’ уште се способни да размислуваат. Нивните добродетели ги трујат“, рече Захарова, а пренесе „Спутник“.

Шефот на руската делегација на преговорите во Виена за прашањата за воената безбедност и контролата на вооружувањето, Константин Гаврилов, изјави дека во случај да му се достави муниција со осиромашен ураниум во Киев, Москва соодветно ќе реагира и додаде дека „одлуката на британските власти е уште еден чекор кон работ на пропаст и ескалација“.

Тој посочи дека Британците со своите постапки ги доведуваат во опасност обичните Украинци и посочи дека западните војски ја користеле таа муниција за време на бомбардирањето на Југославија и за време на инвазијата на Ирак, а како последица на тоа загинале повеќе од 1,2 милиони цивили.

„Лекциите од минатото повторно не се научени“, додаде Гаврилов.

Британскиот заменик-секретар за одбрана Анабел Голди претходно изјави дека, покрај снабдувањето на Украина со главни борбени тенкови Челинџер 2, Велика Британија ќе го снабдува Киев со муниција, вклучително и гранати што содржат осиромашен ураниум.

21.03.2023 - 19:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега