Захарова: ЕУ ќе мора да се соочи со вистината и да признае дека нејзините сојузници ја предале

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, на „Телеграм“ објави дека земјите од Европската Унија ќе мора да се соочат со вистината и да признаат дека нивните сојузници ги предале во врска со инцидентите околу „Северниот тек“.

Таа ја коментираше изјавата на рускиот вицепремиер Александар Новак дека Русија е подготвена да испорача гас преку неоштетениот дел од гасоводот „Северен тек 2“, пишува руската новинска агенција ТАСС.

„Дали после тоа некој ќе се осмели да каже дека нашата земја стои зад чинот на саботажа? Се согласувам дека е многу тешко да се дознае вистината. Но, еден ден земјите од Европската Унија ќе мора да го направат тоа и да признаат дека нивните сојузници ги предале“, напишала Захарова на „Телеграм“.

05.10.2022 - 22:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега