Заев до македонската фудбалска репрезентација: Сите сме горди на вас, ова е историска шанса (ВИДЕО)
По повод вечерашниот фудбалски меч кој треба да се одигра помеѓу Македонија и Грузија се огласи и премиерот Заев и рече дека е убеден дека денеска ќе се радувам на победа.
„Вечерва нашите фудбалски јунаци ќе истрчаат на теренот во Тбилиси со една желба – да докажат дека се генерацијата која за првпат ќе ја однесе македонската фудбалска репрезентација на Европското фудбалско првенство. Им посакувам овој ден да го запишат со златни букви во историјата на македонскиот фудбал и да бидат запаметени како спортски херои.
Убеден сум дека ќе дадат сѐ од себе и дека денеска сите ќе се радуваме на победа“ напиша Заев на Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа