Забрчанец: Отворен донесе раст на трговијата и силни врски меѓу македонскиот, српскиот и албанскиот народ

Панел дискусијата која ја спроведе Тинк-тенк „Аналитика“ и која се однесува на Предизвиците и можностите од Иницијативата “Отворен Балкан” по кризата предизвикана од воениот конфликт во Украина јасно укажа дека домашните компании се задоволни од ефектите на „Отворен Балкан“.

Дискутантите во рамки на панел дискусијата сметаат дека иницијативата носи развој на индустриите и државата. Националниот координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи Марјан Забрчанец оценува дека „Отворен Балкан“ веќе донесе олеснет транспортот на земјоделски продукти, нови туристи и висока оценка и светска промоција на домашните вински производи.

„Преку Отворен Балкан државата и регионот се претставуваат како врвен вински, гастрономски и туристички регион, а преку вмрежување на винариите сериозно правиме и промоција на домашното вино на светскиот пазар. На следниот лидерски пазар во Белград ќе се активира слободниот пазар на труд преку вадење на идентификациски број без дополнителни процедури или барања за престој. Исто така наскоро ќе се активира заеднички систем на е-наплата на патарините со цел да нема застој во сообраќајот. Подготвуваме и иницијатива за младински кампови и школи со ефекти врз образованието но и врз туризмот и надвор од туристичката сезона. Со помош на коморите се планира и нов проект за обезбедување на комерцијални попусти на бензиски пумпи, музеи, настани и др. Важно е да се напомене и дека српскиот културен центар во Париз, Франција ќе стане центар на „Отворен Балкан“ што значи нова можност за промоција на македонската култура и силни врски на македонскиот, српскиот и албанскиот народ.

18.05.2023 - 16:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега