За еден трособен стан во Дебар Маало може да се купат три двособни во Чикаго, открива балканска тиктокерка

 

Тиктокерка од Балканот направи вистински хаос со коментарите откако објави видео со цените на становите во омилениот град на балканската дијаспора во САД, Чикаго.

Балкан микс“, како што е претставена на социјалните мрежи, стекна популарност со бројни видеа за предностите и недостатоците на животот во Америка, како Балканците во дијаспората слават слави, но и колку пари треба да се одвојат за кирија или за купи стан. Овој пат таа зборуваше за рати за кредит за стан во Чикаго, а во таа прилика кажа колку пари се потребни за дополнителни услуги во рамките на станбената заедница.

– Просечната цена на двособен стан во Чикаго е 1.500 долари, а тоа е приближно 100 квадратни метри. Секако, ако сакате стан во близина на центар или езеро, тој е многу поскап. А цената за купување на ваков стан, двособен стан е приближно 150.000 илјади па нагоре.

Моментално овде скокнаа ратите, како и цените за станот. На пример, го купив мојот прв стан во 2021 година за 157.000 долари, а сега вреди приближно 190.000 долари. Станува збор за станови во некои малку подобри области, каде што е побезбедно, на северната страна на Чикаго

– Еве, кога купуваш стан, не знам дали постои овде, секој месец плаќаш „асосиејшн“. Тоа е како здружение на станари и тие пари ги покриваат трошоците за зградата. На пример струја и вода за цела зграда, некој да дојде да коси трева, да чисти, секако поскапо е ако имаш лифт, ако е голема зграда или има базен, теретана. – вели таа, додавајќи на крајот дека работи како агент за недвижнини, од каде и го знае сето ова.

Во коментарите под видеото започнаа споредбите со земјите од Балканот, но и во Швајцарија, Норвешка и Австралија.

„Овде во Швајцарија за тие пари не може да се купи ни штала“, „Во Њујорк нема ништо за тие пари“, „Овде е поевтино отколку во Белград“, „Не може да се купи стан за помалку од тоа и во Австралија”. 600.000 долари зборувам за двособен, во околината на Сиднеј, а во Сиднеј нема ништо под милион”, „Во Загреб 100 квадрати во центарот од 650.000 евра. па во САД купувам 4 стана“, се само дел од коментарите кои собраа најмногу интеракции.

19.11.2023 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега