За да преживеете во октомври ви требаат најмaлку 1000 евра

 

Ограничените маржи ја поевтинија потрошувачката кошничка. Синдикатите пресметаа дека месецов на едно четиричлено семејство му се потребни 61.249 денари и споредбено со минатиот месец за 57 денари помалку

Доколку семејството живее под кирија ќе му бидат потребни над 76 илјади денари.

„Значајно е да се нагласи дека мерката на Владата за ограничување на висината на маржите даде дел од посакуваниот резултат, но поради алчноста за профит кај трговците што Државата мора да го заузда, трговците кога разбраа за намерата на Владата за ограничување на маржите, ги зголемија цените на сите производи, а ова го потврдуваме и со растот на вредноста на делот за храна и пијалоци за повеќе од 717 денари за минатиот месец, а во истата во делот на храна и пијалоци во октомври споредено со месец септември е намалена за 965 денари. Ова потврдува дека цените треба уште да се намалуваат, а нивното зголемување нема никаква поврзаност со економската логика ниту пак со здравиот разум, туку има поврзаност само со алчноста која е се поизразена во Македонија“, велат од ССМ. 

Оттаму сметаат дека при креирањето на мерките Владата треба да го вклучи ССМ за истите до бидат подобри и дека потребни се поголеми контроли и доколку е потребно и казни за несовесните трговци кои се богатат на грбот на работниците и граѓаните.

22.10.2024 - 11:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега