Времето денеска сончево и топло со температури до 29 степени



Времето денеска сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.

Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Продолжува периодот на сончево и топло време со појава на мала до умерена локална облачност. До сабота ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

11.04.2024 - 08:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега