Времето денеска: Сончево и топло со температура до 31 степен, од утре повторно нестабилно

 

 

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Во североисточните делови ќе има услови за краткотраен дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степена.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 31 до степен.

Во вторник попладне претежно во западните делови, а во среда на повеќе места повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и со услови за појава на локално невреме.

03.07.2023 - 08:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега