Времето денеска променливо облачно со услови за локален дожд


Времето денеска претпладне променливо облачно, во северозападните делови со услови за краткотраен локален дожд. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 26 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно, попладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 25 степени.

До крајот на неделава времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, освен во четврток, кога ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Дневните температури до четврток ќе опаднат за неколку степени, а потоа ќе бидат во пораст, особено во деновите од викендот.

02.04.2024 - 08:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега