Времето денеска променливо облачно, попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Долж Повардарието повремено ќе засилува северен до северозападен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ-индексот ќе има вредност 7.

Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Според прогнозата на УХМР, нестабилност со послаб интензитет ќе има претежно до четврток до средината на денот. Потоа ќе започне период на стабилно време. Најпрвин дневната температура преодно ќе опадне и најсвежо ќе биде во четврток и петок кога ќе дува засилен северен ветер, а потоа температурата ќе биде во постепен пораст.

24.07.2024 - 08:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега