Времето денеска облачно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и источните делови. Долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер со брзина над 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена. UV=7

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Од УХМР најавуваат дека во четврток ќе се задржи променливото облачно и посвежо време со локален пороен дожд и услови за ретки грмежи, а од петок времето ќе биде стабилно и топло.

03.07.2024 - 09:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега