Вработените во Филхармонија на протест

 

Денеска во 11 часот, вработените во Македонска филхармонија ќе одржат протест пред Министерството за култура, кое, како што велат од таму, се уште не излезе со решение за проблемот кој настана со одлуката НУ Џез оркестар да биде сместен во објектот на Филхармонија.

„Изминатиов период, нашата институција продолжува да биде мета на дезинформации во јавноста, но и на опструкции од страна на Министерството за култура кое ја блокираше и сопствената сметка на Филхармонија со што директно се прави дополнителен притисок врз вработените, но и врз работата на нашата институција“, се истакнува во нивното соопштение.

Бараат што поскоро изнаоѓање на решение за проблемот и да се надмине како што велат, оваа „надреална ситуција во која сосема непотребно сме ставени и ние, а пред се, нашата институција со наметнување на нелогичната одлука која беше донесена паушално, без аргументирана основа и образложение“.

23.05.2023 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега