Вооружен маж влегол во ресторан во Франција и почнал да пука, убиено младо момче

 


Непознат маж вооружен влегол во ресторан во Сомур, во францускиот департман Мен и Лоара и почнал да пука при што убиено е младо момче.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, полицијата активно трага по напаѓачот кој побегнал по пукањето.

Додека неколку луѓе вечерале на терасата од ресторанот, влегол маж со пиштол во рака и почнал да пука кон масата каде убил 21-годишен млад човек, кој бил ранет во стомакот и повредил уште еден во рака, пишува „Блиц“.

Полицијата соопшти дека напаѓачот е во бегство, а како причина се наведува долг од 80 евра кој жртвата му го должи на напаѓачот.

04.06.2024 - 10:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега