Вонредна акција на Град Скопје: Вечерва ќе се чисти Шуто Оризари

 
Градот Скопје од вечерва организира вонредна акција за чистење и дезинфекција на општина Шуто Оризари со цел спречување на ширење на зарази и загрозување на животната средина на жителите на општината предизвикани од Курто Дудуш, информираат од Град Скопје доцна вечерва преку писмено соопштение испратено до медиумите.
 
„Екоцидот кој во моментов се случува во општина Шуто Оризари е резултат на криминогеното и неодговорно однесување на градоначалникот Курто Дудуш.
 
Имено, Дудуш си поставил свои приватни контејнери на општинските улици, а на граѓаните им наплаќа за чистење на отпад на парагон блокче за што се располага со соодветни докази. Потоа, иако знаел дека е незаконски, отпадот го складирал на свој имот односно приватна парцела во негова лична сопственост со која си склучил договор и ја дал под закуп на општината. Отпадот кој го собирал спротивно на закон и си наплаќал за истото, потоа наместо да го одложи во единствената акредитирана депонија “Дрисла” тој со истиот си направил приватна депонија. За ова веќе се утврдени соодветни противзаконски дела, составени се записници и поднесена е пријава.
 
Жителите на Шуто Оризари не се должни да го трпат теророт од криминогениот Курто Дудуш, затоа од вечерва градот Скопје организира вонредна акција за чистење и дезинфекција на општината. Апелираме до надлежните органи итно да ги превземат сите соодветни мерки за санкционирање на лицето Курто Дудуш, а градот Скопје стои на располагање за дополнителни појаснувања и достава на сите докази со кои располага за утврдениор екоцид во режија на Дудуш“, велат од Градот.
10.01.2025 - 21:51

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега