Водовод и канализација: Водата во град Скопје безбедна и квалитетна за пиење

 

Според добиените резултати од испитувањата на Секторот за санитарна контрола водата во град Скопје изминатата недела била безбедна и квалитетна за пиење, информираат од ЈП „Водовод и канализација – Скопје“.

Неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење во кој се обработени 185 примероци за физичко-хемиска и 185 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мернo местo во град Скопје, земени во период од 18-23 април.

Извештајот покажува дека сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

26.04.2022 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега