Водата во Скопје е безбедна за пиење
ЈП Водовод и канализација соопшти дека според физичко-хемиските и микробиолошките испитувања од 55 мерни места во Скопје водата е безбедна за пиење.
– Секторот за санитарна контрола во периодот од 11 јули до 15 јули зема 208 примероци за физичко-хемиска и 208 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 55 мерни места во Скопје, велат од ЈП Водовод и канализација.
Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РСМ, бр.183/18), информираат од ЈП Водовод и канализација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа