Водата во Скопје безбедна за пиење
Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат анализите од примероците за физичко-хемиска и микробиолошка анализа земени од Секторот за санитарна контрола од 45 мерни места во градот.
Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека во периодот од 25 до 29 јули се земени 201 примероци за физичко-хемиска и за микробиолошка анализа на вода за пиење
– Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се наведува во денешното соопштение на „Водовод и канализација.
01.08.2022 - 09:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа