Во Ерусалим уапсена жена која прошета во костим за капење пред Ѕидот на плачот

 

Израелската полиција вчера уапси 35-годишна жена, кој прошета во костим за капење пред Ѕидот на плачот во Ерусалим.

Жената се соблече во зелен дводелен костим за капење во знак на протест против предлог-законот, со кој секој што ќе се појави пред Ѕидот на плачот во „нескромна облека“ ќе биде и казнет со шестмесечна затворска казна. Со тоа таа се обиде да поттикне повеќе жени да протестираат.

Рабинот Шмуел Рабинович рече дека е шокиран и ужаснат од провокацијата која „ја нарушува светоста на местото“.

-  Оваа локација е света за сите Евреи и е забранета за какви било контроверзии и провокации, наведе рабинот Рабинович.

Предлог-законот кој ќе се воведе остра казна предизвика бурни реакции во јавноста, поради што премиерот Бенјамин Нетанјаху беше принуден засега да се откаже од законот.

13.02.2023 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега