Во Борусија Дортмунд им се стемнило - добиле сметка за струја од 10 милиони евра

Раководството на Борусија Дортмунд останало без зборови кога им пристигнала сметката за струја од неверојатни 10 милиони евра.

„Милионерите“ мора да платат два ипол пати поскапа струја за разлика од претходниот месец и сега сметката им била неверојатни 10 милиони евра.

Струјата во Германија е драстично поскапена, па поради тоа Дортмунд презема драстични мерки и стадионот навечер ќе биде целосно во мрак, а ќе биде исклучено дури и клупското лого.

Во следниот период ќе се намали и користењето на рефлекторите, а ќе биде исклучено и греењето и осветлувањето на тревникот.

04.10.2022 - 21:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега