ВМРО-ДПМНЕ: ССМ приватна фирма со Трендафилов, луѓето околу него земаат милиони

 

Синдикалците на батерии, на чело со Трендафилов, земаат над милион денари годишно во вид на плати и додатоци. Ова денеска го велат ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до јавноста.

- За ова да е уште потрагично, овие пари ги земаат од донациите кои синдикалците со ниски примања ги даваат на ССМ. Лажните синдикалци кои го предводат ССМ, се богатат на маката на работниците. Затоа, работниците кои членуваат во ССМ, се длабоки разочарани од раководството на чело со Трендафилов. Разочараноста на членовите на ССМ од актуелното раководство е тоа што истите тие го имаат претворено ССМ во приватна фирма и ги користат благодетите на истата. Додека ги гледаат во очи и ги лажат синдикалците, Трендафилов и останатите синдикалци на батерии, инкасираат милионски суми во нивните џебови на грбот на работниците, синдикалци. Трендафилов и луѓето со кои што одработува за СДС, земаат плати за 3 или 4 плати поголеми од минималната плата. Затоа тие немаат реална претстава за маката на граѓаните, велат од владејачката партија.

Додаваат дека политиканството на Трендафилов и ССМ, мора да престане. 

01.04.2025 - 09:30

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега