ВМРО-ДПМНЕ: Ниту пратениците од СДСМ не му се плашат на Ковачевски - девет од нив не поддржуваат уставни измени

Ковачевски нема мнозинство за уставни измени, се повеќе пратеници му откажуваат лојалност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Девет пратеници од СДС не подржуваат уставни измени. Тројца пратеници од 1 и 2 ИЕ не се согласуваат со ваквите уставни измени, а 6 пратеници од внатрешноста сметаат дека гласањето на уставните промени е најлошата работа која може да ја направат СДС.Ниту пратеници од СДС не му се плашат на Ковачевски, и во СДС има луѓе кои се свесни за штетните анационални политики на ова раководство.

Дека Ковачевски нема поддршка од своите пратеници говори и фактот што не успеале заложбите да се направи документ дека сите пратеници ќе ги гласаат уставни измени како и тие да се формулирани, поради противење на горе споменатите пратеници.

СДС и ДУИ се движат кон ќорсокак.

Наместо Ковачевски да ја држи цела Македонија во заложништво, треба да го распушти Собранието и да одиме на предвремени парламентарни избори“, стои во соопштението на опозициската партија.

 

ВМРО-ДПМНЕ има план како да ја преброди кризата, кој се темели на три столба, за кој се потребни првин избори и промена на власта, додаваат од партијата.

27.03.2023 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега