ВМРО-ДПМНЕ: Кога Кацарска напушта раководна позиција, тоа е празник за правдата

 


Кога Кацарска напушта раководна позиција, тоа е празник за правдата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Жената која чувствуваше исполнетост во спроведувањето политички нарачки преку драконски казни за политичките конкуренти беше најголемиот срам за позицијата претседател на Уставниот суд во неговата историја.

Дојде на функцијата како награда за казните за 27 април, без докази. Со посрамената Рускоска беа двоецот кој ќе биде запишан на црните страници на македонската историја.

Цело време служеше и како судскиот портпарол на СДС и ДУИ.

Таа е првиот и последен Уставен судија избран откако претходно истиот суд пресудил дека прекршиле уставни одредби. Така функционираше пупка судството во кое Кацарска беше еден од главните извршители“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

29.05.2024 - 16:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега