ВМРО-ДПМНЕ: Илинден доби нова здравствена установа - Доаѓа времето на Македонија

 


Цел на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се инвестиции во модернизација на здравствените установи низ државата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ континуирано инвестира средства од централниот буџет за капитални инфраструктурни објекти во општините.

Целта е општините да станат вистински сервис за граѓаните кои ќе испорачуваат навремени услуги.

Заложбата на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е модерни, транспарентни и финансиски стабилни општини.

Во таа насока реализирани се 94 проекти на Владата со локалната самоуправа.

По половина век општина Илинден доби нова здравствена установа, амбуланта во населено место Илинден која е во рамки на ЈЗУ Здравствен дом-Скопје.

Преку соработка на Владата и локалните самоуправа се реализира проект кој е долго ветуван и неопходен за граѓаните на општината и околните населени места.

Со вкупна површина од над 600 квадратни метри, објектот е изграден на две нивоа според највисоките современи стандарди. Има можности како за примарни здравствени услуги така и за специјалистички. Во оваа амбуланта вложени се 16 милиони денари но заедно со придружната инфраструктура вкупната инвестициска вредност достигна 25 милиони денари.

Преку овој проект граѓаните ќе добијат квалитетни и навремени здравствени услуги.

Дел од проектите кои се реализираа во изминатиот период се: целосно реновиран одделот за ургентна инфектологија, и интензивната нега во Инфективната клиника.

Во Општата болница во Гостивар се реновираа неколку одделенија, како и во Клиничката болница во Тетово.

Се реновираше радиологија на Хируршките клиники, како и невролошката амбуланта во Детската клиника, интензивно се работи на клиниката КАРИЛ.

Преку соработка и на владата, општините и институциите се реализираат ветувањата со цел поквалитетен живот на граѓаните.

Ги градиме темелите на промените.

Доаѓа времето на Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

24.07.2025 - 09:58

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега