ВМРО-ДПМНЕ: 13-ти ден не работат операционите сали на Хирургија, СДС и ДУИ го оставаат здравството во хаос

 


13-ти ден не работат операционите сали на Хирургија, СДС и ДУИ го оставаат здравството во хаос, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Десетици и стотици пациенти се препраќаат по другите болници во Скопје затоа што Хирургија на Клинички не работи, а од пред 2 дена апаратите за компјутерска томографија и РТГ исто така не работат. Како да не беше доволен хаосот со операционите сали.

И додека Клинички колабира, најмалку петмина од раководството и администрацијата на Хирургија, меѓу кои и Адмир Дајоски економскиот директор на Торакална, среде хаосот заминале на патување на Азурен Брег.

Знае ли министерот во заминување дека тој, СДС и ДУИ прават несогледлива штета за здравството?

Негрижата кон здравството кое оваа власт го манифестираше изминативе години сега се излеа целосно на површина. За ова одговорност мора да има“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

30.05.2024 - 09:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега