ВЛЕН: Додека опозицијата „гори” ние спречуваме пожари

 

За да се справи со предизвиците што ги носи летната сезона и зголемениот ризик од пожари, Владата преку Оперативниот план за 2025 година, ќе ангажира 400 нови пожарникари во општините со најголеми потреби. Целта на оваа мерка е да се обезбеди брз и ефикасен одговор за спречување на ширењето на пожарите, особено во текот на жешките летни месеци. Ова го велат денеска од ВЛЕН преку соопштение за јавноста.

Пожарникарите се херои на првата линија во борбата против пожарите, ризикувајќи ги своите животи за да ги спасат граѓаните, материјалните средства и нашата животна средина. Затоа, зајакнувањето на капацитетите во оваа насока не е само неопходност, туку и почит и поддршка за нивната херојска работа.

Додека опозицијата “гори“ во криза, противречности и недостаток на визија, ние спречуваме пожари во полна смисла на зборот. Ние сме на терен, со конкретни планови и одмерени акции, за да ја направиме државата функционална и безбедна за сите граѓани.

Во исто време, Оперативниот план за 2025 година предвидува и вработување на 600 невработени лица во рамките на локални проекти поврзани со инфраструктурата и заштитата на животната средина во општините. Оваа мерка има за цел не само да го промовира локалното вработување, туку и активно да ги вклучи граѓаните во градењето и одржувањето на здрава животна средина.

ВЛЕН останува посветен на обезбедување конкретни решенија за потребите на граѓаните, зближувајќи ја безбедноста, развојот и благосостојбата за сите. ВЛЕН, бидејќи одговорното работење е обврска кон граѓаните!

02.06.2025 - 09:47

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега