ВИДЕО: Застрашувачки снимки по најновиот земјотрес во Турција

 

 

Уште два силни земјотреси, од кои едниот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, денеска го погодија пограничното подрачје меѓу Турција и Сирија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на 70 километри северно од градот Латакија во северна Сирија и 14 километри југозападно од Антакија во јужна Турција, во провинцијата Хатај.

По него следеше уште еден земјотрес со јачина од 5,8 степени во истата провинција, пренесе ТАС С.

Земјотресот предизвика паника меѓу луѓето и оштети голем број згради.

 

20.02.2023 - 20:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега