(ВИДЕО) Владата вети: Реконструкција без застој на Универзална сала
Реконструкција без застој на Универзална сала, ветија надлежните од денешната говорница. Според нивните најави, ќе биде функционална во 2026 година. Парите се обезбедени за следните три години. Изведувачот минатата недела се посвети на чистење на просторот, а денеска започнаа градежните работи за нејзина реконструкција.
Кога ќе биде готова салата ќе има помалку седишта, за посетители да имаат поголема комоција.
Обид за реконструкција на салата имаше пред последните локални избори, кога градоначалник беше Шилегов. Откако Арсовска му ја зеде функцијата, не му го продолжи проектот објаснувајќи дека не бил безбеден.
Сега, кога ингеренциите на салата се кај Владата, која за 2024 година од буџетот одвои 120 милиони денари. По три години, откако ќе заврши целосната реконструкција, согласно договореното, одговорноста за салата ќе припадне на Град Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа