Видео: Украински дрон потопи руски брод вреден 70 милион долари
Украинската разузнавачка служба соопшти дека вчеравечер, припадници на специјалната единица „Група 13“ го уништиле непријателскиот руски брод кој се наоѓал во езерото Донузлав.
Станува збор за корветата „Ивановец“ чија вредност се проценува на приближно 60-70 милиони американски долари. Се работи за брод со наведувани проектили.
„Непријателскиот брод се наоѓаше на езерото Донузлав во привремено окупираниот Крим“, истакнаа украинските разузнавачи.
„Како резултат на серија директни удари на трупот, рускиот брод претрпе критична штета што предизвика бродот да се навали и да потоне“, додаваат тие
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа