(Видео) Украинци: Нашиот снајперист го собори светскиот рекорд

Украински снајперист го собори светскиот рекорд убивајќи руски војник од далечина од 3,8 километри, соопшти Службата за безбедност на Украина (СБУ). Непроверената информација, која првпат се појави во украинските медиуми, за Њусвик ја потврди извор од украинските разузнавачки кругови.

Инаку, снајперист на канадски специјални сили го држи рекордот од 2017 година, откако беше потврдено дека извршил убиство со снајпер од далечина од 3.540 метри во Ирак. Пред него, титулата ја имаше британскиот снајперист Крег Харисон, кој во 2009 година уби талибански борец во Авганистан, погодувајќи од далечина од 2.475 метри.

„Снајперистот на СБУ постави светски рекорд. Погоди руски војник од неверојатна далечина“, соопшти прес-службата на СБУ. Тие додадоа дека истрелот го надминал претходниот светски рекорд за приближно 260 метри.

„Снајперистите на СБУ ги менуваат правилата на светскиот снајпер, демонстрирајќи ја способноста за ефективно работење на фантастични растојанија“, истакнаа тие.

Во меѓувреме, украинските медиуми споделија снимка на која наводно е прикажан истрелот за соборување на рекордот.

21.11.2023 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега