(ВИДЕО) Уапсени 18 навивачи по инцидентите на натпреварот Вардар-Пелистер во Аеродром

Полицијата приведе 18 навивачи по инцидентите во салата „Јане Сандански“ каде имаше дерби во Првата македонска ракометна лига меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер. По фрлањето на предмети на теренот, а потоа и судир меѓу групите, известен е и јавен обвинител.

„Известен е јавен обвинител и се преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот по закон за спречување насилство на спортски натпревари“, велат од МВР.

По натпреварот, битолската навивачка група Чкембари, со шест автобуси и едно комбе заминаа од салата „Јане Сандански“. Вардар го совлада Пелистер. Долж булеварот беа распоредени униформирани полицајци и специјалци.

Натпреварот беше прекинат во 17-тата минута при резултат од 6-6, откако гостински навивачи при влегување во салата „Јане Сандански“ почнаа да фрлаат кон домашните навивачи со пиротехнички средства, на што возвратија навивачите на Вардар, кои влегоа на теренот фрлајќи со шишиња и тврди предмети.

Во рамките од петтото коло во ракометната Суперлига, Вардар на домашен терен во Скопје со 31:24 (13:10) славеше победа откако го победи Пелистер.

27.03.2023 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега