(ВИДЕО) Трамп пристигна во судот, каде ќе биде уапсен

 

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп влезе во судницата, каде формално ќе биде уапсен. Тој ѝ се предаде на полицијата во канцеларијата на окружниот обвинител, во моментов се спроведуваат отпечатоци и процедури пред да биде изведен пред судија.

Тој наскоро треба да се изјасни пред судот во Менхетен за обвинението кое обвинителството во Њујорк го поднесе против него. Се очекува да биде ослободен по читањето на обвинението.

Обвинението, чија содржина сè уште не е објавена, е поврзано со истрагата што против Трамп ја води обвинителот Алвин Брег, во врска со потеклото на парите платени на порно актерката Сторми Даниелс за дискреција поврзана со нивната врска.

Доналд Трамп кога пристигна пред зградата на судот, при излегувањето од автомобилот кратко мавна со рацете кон насобраните луѓе и влезе во зградата придружуван од агенти на Тајната служба.

04.04.2023 - 19:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега