ВИДЕО: Свлечиште и поплава од Реачка Река го блокираа Плетвар
Свлечиште и излевање на Реачка Река го блокираше патниот правец Градско Прилеп. Сообраќајот беше во целосен прекин од 7:20 часот изутрината.
На клучката кај м.в. „Мотел Дреново“ на коловозот имало големо кочичество вода, а кај „Плетвар“ пред тунелите имало свлечиште и одрон од карпи. „4news“ објави видео од состојбата на патот.
Потешкотии на патот имаше уште вчера вечерта, но АМСМ доцна синоќа соопшти дека од 22 часот патниот правец бил прооден, но поради обилните дождови проблеми има и денеска.
17.06.2023 - 10:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа