(ВИДЕО) Стефковски: Загрижен сум, Тренчевска ја врати разрешената директорка на функција во „Детска радост“
„Загрижен сум. Нашите деца во понеделник ќе посетуваат градинка со која ќе управува директорка за која постојат докази за законски прекршувања“. Овие пораки ги испрати таткото на Гази Баба, Бобан Стефковски на денешната прес-конференција, во врска со тоа што министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска ја врати разрешената директорка на градинката „Детска радост“, повторно на функција.
„Сакам да ја информирам јавноста дека откако не успеаа да направатѕ политички притисок врз мене за да ја поништам одлуката за разрешување на директоската на детската градинка Детска радост, Министерството за труд и социјална политика на 23 Мај, преку соопштение до јавноста информира дека ја одзема надлежноста на општината за вчера 26.05.2023 година до општина Гази Баба официјално да пристигне Одлука за одземање на надлежностите.
Веднаш сакам да истакнам дека оваа одлука донесена од страна на Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска е незаконита и политички мотивирана.
Целокупната постапка за разрешување на директорката ја водеше управниот одбор на детската градинка согласно одредбите од Законот за заштита на децата, исто како и моето постапување со носење на одлуката за разрешување на директорката кое е врз основа на истиот Закон“, изјави градоначалникот на Гази Баба.
Тој тврди дека изминатиот период до него пристигнале информации од повеќе вработени во Министерството за труд и социјална политика, дека врз нив се вршело сериозен притисок за носење на незаконита одлука за одземање на надлежноста на општината.
„А уште еден факт кој оди во прилог на тоа дека биле вршени притисоци на вработените е периодот од 10 дена, односно од 12 Мај датум на кој е доставено укажувањето до мене да ја вратам разрешената директорка, укажување на кое НЕ Е ПОТПИШАН инспекторот кој ја водел постапката, па се до 22 Мај кога е подготвена одлуката за одземање на надлежноста во Министерството на која одлука ИСТИОТ ТОЈ ИНСПЕКТОР, СЕГА Е ПОТПИШАН!
Ккао градоначалник на општина Гази Баба сакам да истакнам загриженост од одлуката на Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска да ја врати разрешената директорка за директор на Детската градинка Детска радост.
Со оваа Одлука, Министерката Јованка Тренчевска се става во директна заштита на незаконското работење кое е утврдено со ревизорски извештај направен од страна на независна лиценцирана ревизорска куќа.
Загрижен сум поради тоа што нашите деца од понеделник ќе посетуваат градинка со која ќе управува директорка за која постојат докази за утврдени злоупотреби и законски прекршувања“, изјави Стефковски.
Градоначалникот ја опиша како скандалозна одлуката на Тренчевска да ја врати разрешената директорка.
„За ова незаконско постапување на Министерката Јованка Тренчевска еден ден за многу скоро од денес ќе има ревизија, а потоа следува и одговорност“, потенцираше Стефковски.
27.05.2023 - 12:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа