ВИДЕО: Силен земјотрес од 7,2 степени го погоди Таџикистан
Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Таџикистан, јави кинеската државна телевизија ЦТВ, повикувајќи се на Кинескиот мрежен центар за земјотреси.
Земјотресот се случил во 08:37 часот по локално време, на длабочина од 10 километри. Потресот е регистриран на оддалеченост од околу 80 километри од границата со Кина, а силно е почувствуван во некои области во кинескиот регион Ксинџијанг, вклучително и во Кашгар, јави ЦТВ.
Одделот за железници Ксинџијанг повика да се запрат патничките возови на делот Аксу до Кашгар на јужната железница Ксинџијанг, објавија државните медиуми.
Овој регион инаку е ретко населен и е опкружен со високите планини Памир. Во оваа област се наоѓа езерото Сарез, едно од најголемите езера во Таџикистан, кое има аквамарин нијанса и настанало како резултат на земјотрес во 1911 година. Зад езерото Сарез има природна брана длабоко во планината Памир, а експертите предупредија дека последиците ќе бидат катастрофални доколку браната пропадне.
Инаку, поголемиот дел од Азија, главно централна, е подложен на природни катастрофи, вклучувајќи поплави, земјотреси, лизгање на земјиштето, лавини и обилни снежни врнежи.
7.3 Earthquake Strikes Tajikistan, China and Pakistan#earthquake #quake #sismo
Long Version:https://t.co/aTbF7Rz0Ze pic.twitter.com/uxkh7Bzz9I— Meteor News (@FishNewsChannel) February 23, 2023
Strong 7.2 magnitude earthquake hits eastern #Tajikistan. Tremors also reported from #Pakistan#kyrkyzstan #tajikistan #earthquake #turkey #quake #asia #China #Pakistan pic.twitter.com/WWU3nPcD84
— PakWeather.com (@Pak_Weather) February 23, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа