(ВИДЕО) Се запали руското МНР
Во главниот полициски оддел во зградата на Mинистерството за внатрешни работи во Москва денеска избувна пожар, потврди за агенцијата „ТАСС“ извор од итната помош.
„Пожарот избувна на третиот кат од зградата на главниот полициски оддел на улица Петровка бр. 38, зграда 5“, изјави за Руската агенција извор од службата за итни случаи.
Според информациите, во моментот во зградата има густ чад, а првичните извештаи укажуваат дека пожарот ги зафатил градежните материјали складирани во канцеларијата на третиот кат.
The main building of the Ministry of Internal Affairs is on fire in #Moscow
According to preliminary reports, construction materials caught fire. pic.twitter.com/LgbBqlhYBa
— NEXTA (@nexta_tv) March 7, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа