(ВИДЕО) СДСМ: Пред 3 години само Мицкоски не аплаудираше за членството во НАТО - не смогна сили ниту да се израдува

Пред три години кога Република Северна Македонија стана 30-та членка на НАТО, полноправна членка на најмоќниот воено-безбедносен сојуз на светот, само Христијан Мицкоски не аплаудираше, велат од СДСМ во реакција испратена до медиумите.

„При овој свечен настан, кога признанија и честитки за завршувањето на 30-годишниот пат на државата до полноправно членство во НАТО пристигнуваа од сите страни, само Христијан Мицкоски молчеше. Само Мицкоски не аплаудираше, во Собранието при ратификацијата на Северноатлантскиот договор.

Не смогна сили ниту да се израдува на историскиот успех, за остварување на една од клучните стратешки цели на државата.

Мицкоски не само што не може да се помири со успесите на државата, туку уште попосветено работи против европската агенда“, велат од владејачката партија.

27.03.2023 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега