ВИДЕО: Поранешниот кик-боксер Ендрју Тејт уапсен во Романија
Контроверзниот инфлуенсер Ендрју Тејт е приведен во Романија, заедно со неговиот брат Тристан, како дел од истрагата за трговија со луѓе и силување.
Полицијата упадна во домот на Тејт во Букурешт. Адвокатот на браќата го потврди нивното апсење.
– Четворицата осомничени создале организирана криминална група со цел да регрутира, вдомува и експлоатира жени, принудувајќи ги да создаваат порнографска содржина за да се гледа на специјализирани веб-страници за одредена сума, соопштија обвинителите, пренесе Ројтерс.
Браќата се под истрага од април заедно со двајца романски државјани, пишува Би-би-си, пренесува Ослобоѓење.
Видео кое кружи на социјалните мрежи покажува дека полицијата ги одведува Тејт и неговиот брат од луксузната палата.
Романската Дирекција за истрага на организиран криминал и тероризам издаде соопштение, но не ги наведе имињата на браќата Тејт, велејќи дека двајцата британски државјани и двајца романски државјани се осомничени дека се дел од криминална група фокусирана на трговија со луѓе.
Тој објави и видео од рацијата на која се прикажани пиштоли, ножеви и пари во една просторија. Тејт се пресели во Романија пред пет години.
Теист, поранешен кик-боксер и реалити ѕвезда, е забранет од бројни платформи на социјалните мрежи поради давање мизогински коментари и говор на омраза.
Според изјавата на истражителите, идентификувани се шест жени кои наводно биле сексуално експлоатирани од организирана криминална група, пренесе Денес.рс.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа