ВИДЕО: Полицискиот хеликоптер фрли над 39 тони вода врз пожарот меѓу селата Драгоево и Селце

Денеска полициски воздухоплов од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици продолжи да дејствува на пожар што избувна на планината Серта, меѓу штипските села Драгоево и Селце, соопшти МВР.

„При дејствувањето во 26 налета се исфрлени 39 тони вода. Пожарот се уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење“, стои во соопштението на МВР.

 

19.07.2024 - 18:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега