(ВИДЕО) Пике и Клара на прошетка: Ѝ го покри лицето, па ја удри во ограда бегајќи од папараците

 

Жерар Пике и неговата нова девојка излегоа да прошетаат низ Барселона, но тоа не помина незабележано.

Во изминатите денови, медиуми пишуваа дека 23-годишната Клара Чиа Марти се отселила од неговиот дом и дека имала анксиозни напади затоа што не можела да го поднесе притисокот од папараците и од луѓето што во јавност гласно ѝ ја пееле новата песна на Шакира и ја обвинувале за разделбата на фудбалерот и пејачката.

По објавувањето на новата песна на Шакира, поранешниот фудбалер Жерар Пике и неговата девојка ретко се појавуваа во јавност, но сега одлучија заедно да излезат и да прошетаат низ улиците на Барселона, фатени за рака.

Папарацо фотографите ги уловија Пике и Клара додека беа на прошетка низ Барселона во понеделникот, а видеото од нив масовно се споделува на социјалните мрежи.

Во видеото се гледа како Пике се обидува да ја заштити својата девојка, ѝ го крие лицето од папараците што се обидуваат да ја снимаат одблиску, а влечејќи ја за побрзо да избегаат, не ни забележа дека таа се удри во една од оградите на улицата.

Пике само се насмеа и продолжи понатаму да оди.

08.02.2023 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега