(ВИДЕО) Осомничените за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се донесени во Кривичниот суд
Четворица осомничени за двојното убиство во Македонија на Вања Ѓорчевска (14г.) и Панче Жежовски (74г.) се донесени во Кривичен суд. Овде судија на претходна постапка треба да одлучи дали ќе им биде одредена нова мерка притвор.
Обвинителството и официјално отвори истрага против четворицата осомничени, со што практично може да бара мерка притвор подолга од 48 часа.
За потсетување, со меѓународна потерница се бара првиоосомничениот Љупчо Палевски – Палчо, а денеска зад решетки заврши и уште еден 46-годишен скопјанец кој се сомничи дека му помогнал на скопскиот бизнисмен да избега од Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа