(Видео) Напаѓач во САД усмрти најмалку 22 лица, повеќе од 50 се ранети
Најмалку 22 лица загинаа, а меѓу 50 и 60 луѓе се ранети во престрелка во градот Луистон, во американската сојузна држава Мејн, што се случи вчера вечерта на две локации, јавуваат американските медиуми.
Комесарот за јавна безбедност на Мејн рече дека полицијата не може да го потврди точниот број на жртви бидејќи ситуацијата се уште „е во тек“, но полициски извор за „Фокс њуз“ изјавил дека 22 лица загинале.
Ен-Би-Си Њуз јавува, повикувајќи се на полициски извори, дека се ранети меѓу 50 и 60 луѓе.
Полицијата во Луистон го идентификуваше Роберт Р. Кард од Боудоин, Мејн како главен осомничен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа