(ВИДЕО) Мартинез со нов скандалозен чин - голманот со грозен потег до Мбапе

 

Голманските квалитети на Емилијано Мартинез се неспорни и со своите неверојатни одбрани имаше клучна улога во третата шампионска титула која ја освои Аргентина на светските првенства, но кога е однесувањето во прашање, чуварот на мрежата на Астон Вила мора навистина многу да се поправи.

Популарниот Дибу го навлече гневот меѓу неутралните фудбалски фанови уште во четвртфиналето кога на доста низок начин го провоцираше и навредуваше Луи Ван Гал по победата над Холандија во пенал рулетот, но доста лошо лице покажа и на финалето во Катар.

Мартинез со неблагодарен танц им фаќаше сеир на француските промашувања во пенал рулетот, потоа ја стави „Златната ракавица“ на вулгарно место за време на церемонијата, но продолжил со некоректното однесување и во соблекувалната.

Голманот влезе во вербален клинч со Килијан Мбапе уште пред финалето со изјавите во јавноста, па иако три пати ја вадеше топката од мрежата во дуелите со Французинот, фактот што на крајот стана светски шампион го осоколи да режира нов ужасен потег.

– Минута молк за Мбапе, – гласи пораката која ја испраќа Мартинез во еуфоричната прослава на Аргентинците во соблекувалната на „Лусаил“ стадионот.

19.12.2022 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега