ВИДЕО: Македонија немоќна со играч помалку - Бугарија однесе три бода од Скопје
Бугарија ги однесе трите бода од Скопје во натпревар со многу борба, фаули и картони. Раниот црвен картон на Тодор Тодороски како им пресуди на македонските репрезентативци кои немаа сила со 10 играчи на теренот да дојдат до победа против источниот сосед.
Тодороски направи несмасен старт со отворен ѓон, а судијата веднаш му го покажа црвениот картон. Тоа беше причина за селекторот Благоја Милевски да направи промена на теренот, па уште во 22 минута ја направи првата измена. Излезе напаѓачот Трајковски, а во игра влезе Ашковски кој требаше да го надополни отсуството на Тодороски.
Конечниот резултат 0-1 го постигна Десподов во 55 минута во контра откако македонските фудбалери ја загубија топката.
По поразот Македонија падна на третото место во Лигата на Нации. На табелата лидер е Грузија, а Бугарија го зазеде второто место.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа