(ВИДЕО) Киев се прости со еден од најмладите воени херои: 27-годишниот „Да Винчи“ беше испратен од илјадници луѓе

 

Илјадници луѓе во Киев дојдоа на поворката на погребот на воениот херој „Да Винчи“, 27-годишник по имет Дмитро Коциубајло.

Почина во Бахмут, каде деветти месец по ред се водат битки. Тој ја бранел Украина уште на Крим во 2014 година, но бил ранет од тенк за потоа пак по три месеци да се врати на фронтот.

Ја предводел механизираната бригада „Волци Да Винчи“. Зел учество во војната уште од првиот ден.

На 30 ноември лани му беше доделена титулата Херој на Украина од страна на претседателот Володимир Зеленски.

– Тој е еден од оние чиј карактер и храброст засекогаш станаа историја, карактер и храброст на Украина – изјави Зеленски и потсети дека Коциубајло е еден од најмладите херои во земјата.

10.03.2023 - 17:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега