(ВИДЕО) Хуманост на дело: Донира месо на тие што им треба
Запознајте го Ѕвонко Чонкински, беровчанецот поради кој нема да има празна трпеза за празниците во Малешевијата. Во време на кризи и скапи потрошувачки кошнички тој одлучи да ја врати надежта. Донира месо на оние кои им е најпотребно во период кога сите се потсетуваме за важноста на семејните вредности, љубовта и хуманоста.
Фармата на Ѕвонко е во Митрашинци. Село на 15 километри од центарот на Берово. Оваа акција не е прва година, донирањето на месо за ова семејство прераснува во традиција. Добриот глас надалеку се слуша, а хуманоста не е непознат поим за беровчани, туку навика преку текот на целата година.
Одлуката на Ѕвонко е потврда дека секој може да направи промена. Празниците пак се добра можност да се запрашаме - Чиј Дедо Мраз ќе бидеш годинава?
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа