ВИДЕО: Хаос во Атина, народот бесен поради железничката несреќа излезе на улица

 

Вечерва на улиците во Атина избувнаа нереди кога голем број демонстранти, лути на власта, излегоа на улиците.

Причина за гневот е што Владата ја приватизираше железничката компанија „Хеленик Трејн“ која во моментов оперира со патнички и товарни возови. Полицијата со солзавец се обиде да ги спречи луѓето на улиците.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис вечерва изјави дека сè укажува дека човечка грешка е причина за несреќата во која загинаа повеќе од 40 лица, но дека ќе биде формирана независна комисија од експерти која ќе истражи се.

„ Штотуку се вратив од сцената на трагедијата која засекогаш ќе остане во нашата колективна меморија. Десетици наши сограѓани Грци, главно млади луѓе, таму ги загубија животите во страшна железничка несреќа што не е запишана во историјата на нашата земја – рече Мицотакис во своето обраќање.

Тој потсети дека министерот за транспорт и инфраструктура Константинос Караманлис, преземајќи објективна политичка одговорност, веднаш поднесе оставка.

Како што е соопштено, во писмото од 7 февруари, грчкиот синдикат на железничари укажал на бројни проблеми во грчките железници.

Во писмото наведуваат дека „додека не се преземат заштитни мерки на работните места и безбедно функционирање и сообраќај на возовите, нема крај на несреќите“.

Тогаш изјавија дека несреќите се секојдневна појава и не се преземаат суштински мерки за подобрување на инфраструктурата и работењето, не се вршат проверки на инволвираните агенции и не се бара одговорност.

Констатирано е и дека интервенциите се вршат селективно, а надлежните си ги префрлаат одговорностите.

 

 

 

 

01.03.2023 - 21:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега