ВИДЕО: Гори зграда зад Ситимол

Против пожарната бригада во моментов го гасне пожарот во зграда на улицата Манапо во Карпош 3 , каде што се запали влез во непосредна близина на супермаркетот на ВЕРО.

На снимките се гледаат испаничени граѓани пред зградата на улицата Манапо зад Сити Мол, како и едно возило на против пожарната бригада- Скопје.

Каде точно избувнал пожарот и дали има материјална штета во моментов не е познато.

09.08.2024 - 17:13
Фото: 
Принтскрин Канал 5

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега